Aлкалоид бележи раст на продажбата, инвестициите и вработувањата!

- Advertisement -

Алкалоид“ забележа раст на консолидираните продажби од 8% во периодот јануари-септември 2020, при што реализираше инвестиции во износ од над 1,1 милијарда денари и 175 нови вработувања.

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември продажбите достигнуваат 6.900.199.436 денари, што е 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби достигнуваат 8.929.099.884 денари, што е раст од 8%.

- Advertisement -

Консолидираните продажби на домашен пазар се зголемени за 9%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата за 7%. Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари, најмногу во земјите од Југоисточна Европа (33%) и од Западна Европа (21%).

Најзабележителен раст од 43% е остварен во Чешка, па следуваат Албанија (36%), Романија (30%,) Грузија (15%), Ерменија (15%).

- Advertisement -

Во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација – 85%, а сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15%.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА) изнесува 1.474.095.030 денари и бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето добивка изнесува 846.140.649 денари и е зголемена за 11%.

- Advertisement -

Консолидираната добивка пред ЕБИТДА достигна 1.547.989.921 денари, што е раст од 16%, а консолидираната нето добивка во износ од 847.483.426 денари е зголемена за 15%.

Вкупните инвестиции во основни средства за периодот јануари-септември изнесуваат 1.178.726.785 денари, што е за 96% повеќе во однос на истиот период од 2019.

Во периодот јануари-септември 2020, во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања. На крајот на септември 2020, „Алкалоид“ има 1.822 вработени, како и 536 во друштвата и во претставништвата во странство.

Акциите на „Алкалоид“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002. Цената на акцијата во периодот јануари-септември 2020 се движеше од 8.354 до 13.400 денари или просечно, 12.070,36 денари, што претставува раст од 35% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019.

Сподели!
- Advertisement -