Научници открија планета која лута низ нашата галаксија

- Advertisement -

Астрономите пронајдоа необичен „жител“ на нашата галаксија – планета скитник, нешто помала од Земјата, која не е поврзана со ниедно Сонце. Научниците кои го проучуваат Млечниот пат истакнуваат дека постои можност да има повеќе такви планети скитници или слободни планети, но досега не успеале да ги забележат. За да ја „фатат“ таа планета научниците искористиле феномен познат како „гравитациска микролеќа“, со помош на која фатиле дел од светлина од оддалечена ѕвезда кој ја осветлил планетата.

Шансите да се фати гравитациска микролеќа се исклучително мали затоа што три предмети – леќата, изворот и набљудувачот – треба да се речиси совршено пораменти, објасни главниот автор на студијата Прземек Мроз од калифорнискиот Институт за технологија. Како што објасни тој, гравитациската микролеќа може да се случи само кога телескопот лежи во речиси совршена рамнина со набљудуваниот објект и со ѕвездата која е извор на светлината.

- Advertisement -

Научниците веруваат дека слободните планети настануваат во ротирачки дискови на густ гас и прашина кои се наоѓаат околу ѕвездата и се исфрлени од оригиналниот планетарен систем после гравитациската интеракција со други вселенски тела.

Проучувањето на таквите необични објекти може да им овозможи на астрономите подобро да го запознаат Сончевиот систем и неговото турбулентно минато.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -