Ново истражување за антителата покажа кај кои луѓе побрзо исчезнуваат и што значи тоа за колективниот имунитет

- Advertisement -

Нивото на антителата кај пациентите кои го преболеле КОВИД-19 во британската популација брзo падна во текот на летото, покажа британско истражување кое упатува на тоа дека имунитетот после инфицирањето можеби не трае долго и дека така се намалува и можноста за колективен имунитет.

Резултатите од студијата која ја спроведоа научници од лондонскиот Кралски колеџ, следејќи го нивото на антитела меѓу Британците после првиот бран од инфекцијата на корона вирусот во март и во април. Од 20 јуни до 28 септември Кралскиот колеџ во соработка со компанијата Ipsos Mori следеше 350.000 случајно избрани жители на Велика Британија кои редовно се самотестирале дома за да утврдат дали имаат антитела на КОВИД-19.

- Advertisement -

Резултатите покажале дека антителата побрзо исчезнуваат кај луѓето кои немале симптоми на болеста отколку кај пациентите кај кои болеста се манифестирала со послаби или појаки симптоми.

Во тој период преваленцијата на антителата меѓу позитивно тестираните на КОВИД-19 се намалила од 6,0% на крајот на јуни на 4,4% во септември, што укажува на намалување на колективниот имунитет пред почетокот на вториот бран на пандемијата и последните седмици резултираше со локално затворање и рестрикции во Велика Британија“, се наведува во соопштението.

- Advertisement -

Студијата покажа дека иако снемувањето на антителата е забележано кај сите возрасни групи, а ситуацијата била полоша кај постарите луѓе. Меѓу јуни и септември уделот на луѓе постари од 75 години со антитела се намалил за 39%, а меѓу младите од 18 до 24 години за 14,9%.

Со оглед на тоа што го знаеме за останатите корона вируси, овие податоци упатуваат на тоа дека со снемувањето на антителата паѓа и имунитетот, што резултира со пад на општиот имунитет на ниво на популација“, велат од Одделението за инфективни болести на лононскиот Кралски колеџ.

- Advertisement -

Кај луѓето кај кои заразата со корона вирусот е потврдена со PCR тест забележан е помалку изразен пад на антителата во споредба со пациентите кои биле асимптоматски и не знаеле дека се заразени. Меѓу здравствените работници не се воочени промени во нивото на антитела, веројатно поради повторната изложеност на вирусот.

Резултатите од студијата уште немаат поминато стручна рецензија. Од колеџот велат дека намалувањето на антителата не влијае нужно на ефикасноста на кандидатите за вакцина кои моментално се во фаза на клинички испитувања. „Квалитетната вакцина може да биде подобра од природно стекнатиот имунитет“ додаваат оттаму.

(National Geographic)

(фото: Orissa post)

Сподели!
- Advertisement -