Босански иноватор создаде специјални очила за борба против корона вирусот

- Advertisement -

Иноваторот Фикрет Алиќ од Тузла на Меѓународниот саем на иновации Арка во Загреб освои златен медал за иновацијата која ја креирал годинава. Станува збор за филтерски очила со мониторинг на температура кои се многу битни во борбата против корона вирусот.

Фикрет Алиќ е редовен професор на студискиот отсек Енергетика и термофлуиден инженеринг на Машинскиот факултет при Универзитетот во Тузла. Тој досега има освоено 71 меѓународно признание за иновации и различен ангажман во научно-истражувачката и истражувачко-развојната работа на полето топлотна и флуидна техника.

- Advertisement -

Во текот на оваа година Алиќ ги создал очилата со мониторинг на температура, а за својата креација досега има добиено две награди. Најпрвин ја осовил наградата бронзен медал на интернационалниот настан Inventions vs. Corona, а потоа се закитил и со злато на Меѓународниот саем за иновации Арка во Загреб.

Очилата на Алиќ делумно го покриваат носот и истовремено, континуирано, ја мерат темературата на тој што ги носи. Како што појаснува босанскиот иноватор, очилата се профилирани, со шуплива рамка и рачки, преку кои е овозможено непречено филтрирање на воздухот кој поминува низ заменските филтри. Во шуплините, како што вели тој, може да се инсталираат и минијатурни гермицидни УВ лампи за дополнителна деактивација на вирусот кој ќе помине низ заменските филтри.

- Advertisement -

Од друга страна, во рачките се наоѓаат сензорите кои континуирано ја мерат температурата на делот на слепоочницата и испраќаат сигнал до микроконтролори. Ако температурата е покачена или се покачува во текот на користењето, ќе се вклучат индикаторски лампи.

Исто така, стаклата на очилата механички го стопираат пренесувањето на вирусот кон очите, а може да бидат обични или со диоптрија, за сонце и слично. Битно е дека очилата не се замаглуваат кога носите маска и се полнат како мобилен телефон.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -