-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Израелски дизајнер направи обувки кои се распаѓаат после неколку употреби

E-commerc 11.11.2020

Неодамна дипломираниот дизајнер Шахар Асор направи биоразградливи обувки за деца кои се направени од компостабилен материјал. Обувките се направени за целосно да се распаднат во вода после извесно време носење со цел да се поттикнат луѓето да прават поеколошки избори и да се ограничи консумацијата на луѓето. Исто како што купуваме храна која има рок на употреба, истражувачкиот проект „Best Before” вели „Што кога би можеле да купуваме облека на истиот начин како што купуваме млеко?“.

„Нема сомнение дека модата има позитивно влијание на сите нас, може да ни даде глас и самодоверба, но понекогаш купуваме облека само затоа што објективно гледано, имаме потреба од тоа, како што е случајот со облеката за деца и за трудници. Некои од нас ја донираат, а други ја рециклираат, но вистината е дека најголем дел завршува на депонија. Затоа, ако некоепарче облека се користи одредено време, зошто толку многу се задржува на депонија? Зошто да не дизајнираме нешто што ќе го снема после извесно време?“ вели Асор.

„Best Before“ нуди начин да ја снема контрадикторноста на производството облека од трајни материјали, од кои некои се распаѓаат за 20 до 200 години, и потребата да ја промениме облеката според нашиот животен стил, здравствени потреби и слично. Со менување на концептот на рокот на траење во модната индустрија„Best Before“ не враќа назад на патот до одржлива мода. Материјалот од кој се направени обувките е композитен плетен материјал кој се распаѓа во машината за перење после одреден број употреби. Секоја обувка е направена од едно парче материјал за да може да има и флексибилен горен дел и цврст ѓон.

Обувките се дизајнирани во соработка со Одед Шосејов, професор на Катедрата за земјоделство, храна и животна средина на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Материјалите не оставаат никакви штетни загадувачи во животната средина после распаѓањето.

(Inhabitat)

(фото: Shahar Asor screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •