Илон Маск ја претстави својата текила Teslaquila

- Advertisement -

Илон Маск е човек со многу таленти, а има и замешано прсти во многу бизниси – од електрични возила до копање тунели, вселенски летала, а неговиот последен подвиг е производство на текила.

Teslaquila, како што се вика неговиот последен производ, е текила која го носи името на брендот за електрични автомобили, а е спaкувана во шише со форма на гром. Во типичен стил на Маск, се почна со шега во 2018 година и сега стана реалност. Уште еден доказ дека Маск ги остварува сите свои налудничави идеи.

- Advertisement -

Можеби звучи контроверзно еден производител на автомобили да почне да произведува алкохол, но Tesla е решена да го оствари својот план. Tesla текилата сега е достапна само во САД и тоа во одредени држави, потоа преку веб страницата. Пијалакот е ексклузивен, 100% направен од агаве и се продава по цена од 250 долари.

Текилата се произведува во Nosotros Tequila. Максималната нарачка е две шишиња, затоа што законот ја ограничува онлајн продажбата на алкохол. Како што пишува Engadget, Nosotros Tequila вообичаено ги продава шишињата текила по цена од 40 до 45 долари. Сепак, тие обични пијалаци не се зреани во дабови буриња 15 месеци и спакувани во рачно произведено стаклено шише направено со дување.

- Advertisement -

Текилата на Маск содржи ноти на суво овошје и има лесна арома на ванила балансирана со цимет и бибер.

Целата идеја за текилата се роди во 2018 година како дел од шега за 1 aприл, кога Маск на својот Twitter профил дека Tesla ќе банкротира. Тогаш Маск објави фотографија од него како седи онесвестен потпрен на Tesla Model 3 и опкружен со шишиња на кои пишува Teslaquila”

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Tesla screenshot)

Сподели!
- Advertisement -