Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 02.11.2020 година.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг и ќе изнесува 26,196 ден/кг.
Од 10.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 58,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,196 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 1,421%, дизелот за 1,816%, екстра лесното масло за 2,160 % и кај мазутот 1,565%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,469%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 02.11.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,804 | 0,950 |
Австрија | 0.986 | 1,052 |
Бугарија | 0,923 | 0,928 |
Хрватска | 1,123 | 1,187 |
Германија | 1,029 | 1,238 |
Грција | 1,126 | 1,412 |
Италија | 1,255 | 1,384 |
Унгарија | 1,002 | 0,979 |
Словенија | 1,002 | 0,990 |