Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83% во однос на одлуката од 02.11.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година.

- Advertisement -

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг и ќе изнесува 26,196 ден/кг.

- Advertisement -

Од 10.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            58,50 (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             60,50 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       49,50 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               49,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      26,196 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: кај бензинот за 1,421%, дизелот за 1,816%, екстра лесното масло за 2,160 %  и кај мазутот 1,565%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,469%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку  земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од  02.11.2020), се дадени во следната табела:

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,804 0,950
Австрија                         0.986 1,052
Бугарија 0,923 0,928
Хрватска 1,123 1,187
Германија 1,029 1,238
Грција 1,126 1,412
Италија 1,255 1,384
Унгарија 1,002 0,979
Словенија 1,002 0,990
Сподели!
- Advertisement -