PrimePoint Partners Бизнис Акцелерација нуди шанса за поврзување со големи компании во регионот

- Advertisement -

Програмата PrimePoint Partners Бизнис Акцелерација за напредни технологии ви нуди неверојатна шанса да се поврзете со големи компании во регионот како што се Kolektor, BSH, Esotech, Iskra, Gorenje, итн. Програмата е организирана во партнерство со амбасадорот на Израел г. Дан Оријан, Инженерскиот колеџ Азриели и АтоБе акцелератор од Израел, и Универзитетот Свети Апостол Павле, Охрид.

„Составивме програма што ќе ги подготви македонските компании кои развиваат решенија базирани на технологија во АИ, ВР, роботика, биг дата, автоматизација на процеси, ИОТ, енергетска ефикасност, да се презентираат пред регионалните технолошки гиганти. Имаме врвни ментори кои покриваат некои од најпотребните вештини за македонските мали и средни претпријатија, како што се финансиско планирање и раст, бизнис модел канвас, пристап до финансии, тренирање и практика за презентирање, блокчејн и други напредни технологии“, рече Билјана Марковиќ Стаменова, извршен директор во PrimePoint Partners.

- Advertisement -

Програмата ќе се одржи од 10 ноември до 20 ноември и ќе се организира виртуелно. Пријавувањето е отворено до 6 ноември. Аплицирајте ТУКА или за повеќе детали контактирајте не на: ivana@theprimepoint.com

Сподели!
- Advertisement -