Русите тврдат дека нивната вакцина е ефикасна во 92% од случаите

- Advertisement -

Откако американската компанија Pfizer објави дека клиничките испитувања на нивната експериментална вакцина покажале дека е ефикасна во 90%од случаите, се огласија од Русија. Русите тврдат дека нивната вакцина Sputnik V во клиничките испитувања покажала 92% ефикасност. Русите додаваат дека сите податоци за ефикасноста на вакцината, која се наоѓа во последната фаза од тестирањата, наскоро ќе бидат објавени за сите да можат да видат колку е ефикасна.

Но, научниците предупредуваат дека Русите додека имаат објавено многу малку податоци за самата вакцина и резултати од тестирањата, па тешко е да се процени дали вакцината навистина има толкава ефукасност.

- Advertisement -

Податоците за Sputnik се базирани на само 20 случаи на болни со КОВИД-19, за разлика од повеќе од 90 случаи од претходните испитувања. Многу е битно да се почитуваат претходно поставените критериуми за двојно испитување за да се намали манипулирањето со податоците. Се помалку од тоа претставува ризик јавноста да ја изгуби довербата не само во таа, туку и во сите други вакцини, што би било катастрофа.

Вкупната ефикасност е еднаква за двете вакцини и охрабрува да се види толкава ефикасност, повеќе отколку што очекувавме со оглед на искуството со вакцините против грипот, вели Стивен Еванс, професор по фармакоепидемиологија од лондонската Школа за хигиена и тропска медицина.

- Advertisement -

И останатите научници предупредуваат дека потребно е да се следат сите стандарди и насоки за вакцината навистина да биде безбедна за широката популацика и да ги заштити од инфекцијата на корона вирусот. Но, исто така, ги поздравуваат новите податоци кои влеваат надеж дека вакцината против КОВИД-19 наскоро ќе биде достапна.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -