Hondа почнува со продажба на првото комерцијално возило во светот со трет степен на автономија

- Advertisement -

Honda најави дека до март идната година ќе почне со продажба на моделот Legend ссо вграден систем за автономно возење Traffic Jam Pilot, кој во одредени ситуации ќе ја преземе контролата над возилото. Легендата на Hondа ќе влезе во историјата по тоа што е првото комерцијално возило во светот со трет степен на автономија кое ќе се појави на патиштата, пишува Reuters.

Има вкупно пет степени на автономија на возењето – од нулта, во кој возачот целосно управува со возилото до петтиот степен, во кој компјутерот целосно управува со возилото. Во таквите возила нема потреба ни од педали за гас и од волан. Првиот степен на автономија се однесува на опции како темпомат, одржување растојание меѓу возилата напред, додека второто ниво вклучува одреден степен контрола над управувањето, забавувањето итн. Третиот степен опфаќа уште понапредна технологија, па автомобилите ќе можат сами да заобиколуваат возила и сами да носат сложени одлуки, но возчите и понатаму ќе треба да бидат целосни посветени на патот за да реагираат во слуај на проблем. Со четврти степен на автономија може да се пофали возилото на Waymо, кое во одредени делови на градот Феникс превезува луѓе со својот такси сервис со автомобили во кои нема возачи.

- Advertisement -

Honda ќе има трет степен на автономија, а зелено светло за производство на Legend со Traffic Jam Pilot добиле од јапонската влада и м е доделен безбедносен сертификат благодарение на кој сопствениците на Legend, а веројатно во иднина и другите возила на автопатиштата, при сообраќаен метеж и слично управување ќе можат целосно да ја препуштат контролата на компјутерот во возилото.

Tesla, чии возила имаат второ ниво на автономија, неодамна ја претстави бета верзијата на Full Self-Driving софтверот, а видеата кои корисниците ги објавуваат на интернет покажуваат голем напредок на компанијата на Маск до целосна автономија.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -