Facebook ја продолжи забраната за политичко огласување за еден месец

- Advertisement -

Facebook ја продолжи привремената забрана за политичко огласување за уште еден месец. Забраната беше воведена во САД откако не беa веднаш познати резултатите на претседтаелските избори.

Нашата одлука привремено да го стопираме огласувањето за политички и социјални прашања се продолжува како дел од нашите трајни напори да ги заштитиме изборите во САД“, изјавија од Facebook.

- Advertisement -

Во соопштението се забележува дека мое да се очекува таа забрана да трае уште еден месец, но наведено е дека ќе се процени приликата забраната да се укине порано.

Уште еден технолошки џин во земјата, Google, објави дека одлучиле на неодредено време платформата да се држи подалеку од политичките реклами, бидејќи резултатите од изборите за Сенат во државата Џорџија се во вториот круг.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -