Јапонски научници открија дека комбинацијата од кафе и зелен чај може да го продолжи животот

- Advertisement -

Нови истражувања на научници од Јапонија укажуваат на позитивниот ефект на консумирањето зелен чај и кафе за луѓе кои имаат дијабетес тип 2. Оваа комбинација, како што тврдат научниците, потенцијално го намалува ризикот од смртност од секакви причини за 63% кај луѓето кои почесто, најмалку еднаш дневно, ги консумираат тие два пијалаци, пишува Science Daily.

Претходни студии веќе ги истакнаа бенефитите по здравјето на зелениот чај и покажаа дека го намалува ризикот од настанување дијабетес, ја подобрува контролата врз глукозата и осетливоста на инсулин.

- Advertisement -

Но, новата студија која ја спроведоа научници од Универзитетот Кјушу во болницата Хакујуји истражувакако влијае зелениот чај на луѓе кои веќе имаат дијабетес. Тие проучувале 4.923 учесници на просечна возраст од 66 години во период од 5 години. Утврдиле дека кога луѓето пиеле повеќе од четири чаши чај дневно имале 40% помал ризик од смртност после завршувањето на студијата.

Како и зелениот чај, кафето има докажано влијание на намалувањето на ризикот од развој на дијабетес, но научниците во овој случај истражувале како влијае кафето на луѓето кои веќе имаат дијабетес.

- Advertisement -

Студијата ја објави списанието BMJ Open Diabetes Research&Care, а се наведува дека пиењето две или повеќе чаши чај ја намаува вкупната смртност за 41%. Меѓутоа, комбинираното пиење пијалаци со кофеин има најдобри ефекти.

„Комбинацијата од зелен чај и кафе значително ја намалува смртноста од сите причини за 63%“ пишуваат авторите на студијата.

- Advertisement -

Тие што пиеле четири или повеќе чаши чај и две или повеќе чаши кафе имале најголема корист. Експертите советуваат дека кафето и зелениот чај ги консумирале без додаток на шеќер и млеко за да добијат позитивни ефекти.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -