Garmin претстави нова функција за апликацијата Garmin Connect наречена Pregnancy Tracking, која на жените ќе им овозможи на својот паметен часовник или на својот паметен телефон да ја следат својата бременост и специфични податоци како што се нивото на шеќер и движењето на бебето.
Покрај вообичаените метрики како следење на сонот, активности и витални знаци, сега добиваат податоци кои ќе им овозможат постојано да ги следат сите промени кои се случуваат со телото и со бебето, вклучувајќи и духовити споредби со големината на плодот. На пример, ќе дознаете дали на првиот ден од деветтата недела од бременоста вашето бебе има големина на јагода и сл.
Во апликацијата ќе добиваат и информации за препорачаните вежби за телото, како и совети за регулирање на тежината за одреден период од бременоста, а кога ќе се приближат до терминот за пораѓање, ќе можат да го следат и траењето на контракциите за да знаат кога е време да појдат во болница.
Pregnancy Tracking опцијата е компатибилна со часовниците на Garmin од сериите Fenix 5 и 6, MARQ и vivoactive 3 моделите или понови. Се што треба да направите е да ја активирате апликацијата, да појдете на User Settings > Women’s Health > Cycle Type > Pregnancy. Секако, треба да ја ажурирате и апликацијата Garmin Connect на паметниот часовник и на телефонот.
(Vidi.hr)