Интернет мрежата Starlink, базирана на констелација од сателити, наскоро ќе биде достапна и во Европа. Илон Маск, директор на компанијата, најави дека ќе испрати некоку илјади покани за користење на мрежата Starlink. Тие покани ќе ги испрата до Америкаци, но Маск вети дека Starlink ќе биде достапен за Европејците од почетокот на идната година.
„Штом ќе ги добиеме потребните дозволи за секоја земја поединечно, Системот на одобрување за цела Европа не постои. Последните одобренија ќе почнеме да ги добиваме веројатно во февруари или март идната година“, напиша Маск на Twitter.
Канада и Норвешка треба да бидат меѓу првите земји кои ќе добијат пристап до Starlink после САД. Одобрението за Индија се очекува на средината на идната година. SpaceX неодамна ја лансираше бета верзијата на Starlink, а станува збор за програмата „Better Than Nothing Beta”, која чини 99 долари месечно. Покрај тоа опремата чини 499 долари.
SpaceX моментално во орбитата има повеќе од 800 Starlink сателити, но потребни се уште илјадници за услугата да биде достапна глобално. Компанијата се надева дека до 2021 година ќе ја прошири достапноста и ќе го покрие најголемиот дел од населениот свет.
(Klix.ba)
(фото: Wikimedia)