Бесплатна онлајн работилница за подобри вештини на студентите за барање работа

- Advertisement -

На 18.11.2020 (среда) од 13:00-14:00 часот, ќе се одржи онлајн работилница „Job Hunt Prep“.  Работилницата е наменета за универзитетски студенти од сите профили и универзитети, кои се заинтересирани да ги подобрат вештините за претставување при барање работа и истата се организира како продолжение на овогодинешниот Саем за вработување организиран од студентската организација БЕСТ Скопје. Работилницата се реализира со поддршка на Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.  

За време на работилницата, кариерен советник и експерт по маркетинг на студентите ќе им понуди совет како да ги подготват и подобрат резимеата за работа, LinkedIn профили и поранешни апликации за работа. Во текот на неколку денови по работилницата, кариерниот советник ќе им биде на располагање на студентите – учесници, за персонализирано водство и повратни информации за нивните резимеа и апликации за работа.  

- Advertisement -

Регистрација и линк за учество на онлајн настанот е преку следниот ЛИНК

Сподели!
- Advertisement -