Нова електронска кожа може да ги замени сегашните гаџети

- Advertisement -

Електронска кожа која самата се лекува, поставена на струјно коло и прикачена на човечкото тело може да биде поеколошка алтернатива за сегашните преносни гаџети, велат научниците.

Истражувачи на Универзитетот Колорадо Боулдер во САд развиваат преносен уред сличен на кожа кој може целосно да се рециклира и може самиот да се поправа, односно лекува. Електронската кожа може да врши функции како фитнес алките, односно да го следи бројот на направени чекори, телесната темература и срцевиот ритам, а може да се направи да одговара на сечие тело.

- Advertisement -

„Ако сакате да ја носите како часовник, можете да ја ставите на зглобот. Ако сакате да ја носите како ѓердан, можете да ја ставите околу вратот“ вели Јианлианг Шиао, професор по машински инженеринг на Универзитетот Колорадо Боулдер.

Тимот вели дека нивниот труд, кој беше објавен во списанието Science Advances, може да донесе иднина во која високотехнолошката која која може да се рециклира им овозможува на луѓето да собираат податоци за нивните тела додека истовремено не создаваат електронски отпад.

- Advertisement -

Се проценува дека луѓето ќе создадат повеќе од 55 милиони тони отпад од старти телефони, лаптопи и друга електроника до 2021 година. „Нашето решение за електронскиот отпад е да се почне со тоа како го правиме уредот, а не од крајниот корисник или кога веќе ќе се фрли. Сакаме уред кој лесно ќе се рециклира“, велат научниците.

Тие користеле технологија за печатење на екран за да создадат мрежа од жици од течен метал за струјното коло. Потоа ставиле два слоја материјал кој сам се лечи, познат како полимин, за да се покрие колото. Истражувачите велат дека крајниот уред е малку подебел од фластер, а се става на кожата со примена на топлина. Може да се растегнува до 60% во кој било правец без да се уништи електрониката внатре.

- Advertisement -

Паметните часовници се корисни, но се само големи парчиња од метал на алка. Ако сакаме наввистина преносен уредм идеално би било тој да биде тенок уред кој удобно лежи на телото“, вели професорот Веи Жанг од Универзитетот Колорадо Боулдер.

Од тимот велат дека електронската кожа може самата да се лекува за само 13 минути ако се оштети. Електронската кожа треба да помине долг пат додека да стане комерцијално достапен уред. Функциите на кожата сега не се достапни во секоја земја, но ќе бидат во блиска иднина.

(Science Focus)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -