3 C
Skopje
среда, декември 2, 2020

Натпреварот за млади претприемачи Get in the ring ќе се одржи онлајн

Kabtel desktop

Зa оние кои имаат идеи, претприемачки способности, натпреварувачки дух и желба за дружба Get In The Ring е идеалниот старт-ап хакатон. GITR е старт-ап настан преку кој се доближуваат новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании.

Целта на овој настан е преку помош од луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да се поттикне иницијатива за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им се потпомогне во понатамошниот раст и развој.

Оваа година, GITR ќе биде online тридневен хакатон од 1ви до 3 декември, а темите за развивање идеи ќе бидат од отворен карактер. На хакатонот пријавите можат да бидат и индивидуални и во тим, а е отворено за секој без разлика на годините и без разлика дали се студенти или вработени.

Изборот на учесниците се извршува на следниов начин:

  • По завршување на пријавниот рок (19.11) ќе се изврши селекција на најмногу 20 тимови кои ќе бидат дел од Хакатонот. 
  • •Во втората фаза од селекциите, односно во полуфиналниот дел обезбедуваат место 6 тима, кои ќе се натпреваруваат за во финале. 
  • •Во финалето ќе влезат најдобрите 3 идеи. 

    Апликација за пријавување: https://forms.gle/JH74axFRucoh4nGw6

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •