Емилија Крајчева: клиентите погодени од кризата ќе ги поддржиме со кредити со 0% каматна стапка!

- Advertisement -

Интервју со Емилија Крајчева, управител на Штедилница Можности, по повод воведувањето нов продукт наменет за микро фирми погодени од Ковид кризата

Разговараше – Верица Јорданова

Деновиве Штедилницата Можности, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем лансираше Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата  КОВИД- 19. Може ли да ни кажете повеќе детали за овој нов продукт?

- Advertisement -

Штедилница Можности во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем лансираше Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата  КОВИД- 19, со цел поддршка на приватниот сектор и ублажување на негативното влијание од Ковид-19 пандемијата. Новиот кредитен продукт кој е дизајниран специјално за оваа намена, ги решава проблемите на специфичните сектори и клиенти кои се најмногу погодени од кризата. Со оваа поддршка, очекуваме клиентите да решат некои од нивните бизнис проблеми (ризикот за намалување на бројот на вработените, лимитирани финансии, намалена ликвидност и сл.) За таа цел, клиентите ќе ги поддржиме со пристап до евтини финансиски средства, односно кредити со 0% каматна стапка.  

Продуктот е наменет за сите клиенти претприемачи, индивидуални земјоделци и трговски друштва (фирми) кои извршуваат одредена стопанска дејност, а кои остваруваат приходи до 50.000 ЕУР годишно

Како дојде до идејата да се искреира ваква кредитна линија и по што истата се разликува од другите понуди на пазарот? 

- Advertisement -

Главна цел на овој проект е поддршката на нано и микро клиентите, бидејќи тие не се покриени со владините мерки. Тоа се клиенти кои се, историски гледано, најчесто клиенти на Штедилница Можности и нашата мисија е да им помогнеме во овој тежок период. Овој продукт е креиран според потребите на тие клиенти со кои сме секојдневно во комуникација, па е дизајниран согласно нивните моментални потреби за надминување на кризата. Предвидено е да биде краткорочна инвестиција со мал износ, кој нема да има големо оптоварување на нивниот буџет, прифатливо обезбедување и најважно за клиентот- ниска цена односно 0% каматна стапка.

Секако, читателите најмногу ќе бидат заинтересирани за тоа кој се може да се аплицира за кредитната линија и кои се условите?

- Advertisement -

Продуктот е наменет за сите клиенти претприемачи, индивидуални земјоделци и трговски друштва (фирми) кои извршуваат одредена стопанска дејност, а кои остваруваат приходи до 50.000 ЕУР годишно. Максималниот износ со кој ќе се одобруваат кредити од овој продукт е 180.000 денари, а максималниот рок ќе изнесува 12 месеци, со можност за грејс период или плаќање со флексибилен амортизационен план креиран според потребите на клиентот. Овој кредитен продукт се нуди во сите експозитури во Штедилница Можности.

Има ли некои ограничувања кои би требало да се нагласат? 

Сите клиенти кои се моментално активни претприемачи, индивидуални земјоделци и трговски друштва (фирми) кои извршуваат одредена стопанска дејност, а кои се соочуваат со тешкотии предизвикани од Ковид-19 кризата, се соодветни за овој продукт. Карактеристично за овој продукт е што кредитокорисникот треба да го задржи бројот на вработени за целото времетраење на кредитот.

Ковид пандемијата доведе до голема економска криза во целиот свет, секако и во нашата земја. Од аспект на Вашето работење и клиенти кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите во земјава?

Како и секаде во светот, и кај нас клиентите на различни начини повеќе или помалку се погодени од Ковид-19 кризата и различно се справуваат со истата. Најголем проблем им претставува намалувањето на капацитетот на работење, ликвидноста и секако тешкотијата да се задржат постојаните работните места. Најчест механизам за справување со кризата е намалување на платите, па дури и прекратување со секаква исплата (како и губење на работните места), а кај невработените исклучување на можноста за вработување. Истото се случува и кај повремено вработените со повремени работни ангажмани, што доведува до намалување на животниот стандард. Ова најмногу се забележува кај микробизнисите и самовработените.

Каков е за почеток интересот за Вашиот најнов продукт?

Иако се наоѓаме на самиот почеток на проектот, имаме огромен број на заинтересирани клиенти, како постоечки, така и нови, кои се наоѓаат себеси и својата дејност во рамки на продуктот кој ние им го понудивме, бидејќи е создаден за задоволување на нивните потреби.

Штедилница Можности успешно опстојува на пазарот долг период и секогаш била достапна за да излезе во пресрет на потребите на клиентите.

Ние веруваме во слободната иницијатива, индивидуалната креативност и лична одговорност. Нашата мисија е да обезбедуваме можности – луѓето  кои имаат потреба да добијат поддршка за своите добри деловни идеи. Нашиот метод е – мали заеми за мали потфати. Ние очекуваме – со резултатите од своите мали бизниси- луѓето да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата, со што нашата институција ќе остане респектиран субјект на финансискиот пазар. Така е и сега во услови на оваа глобална пандемија, кога нано и микро клиентите се борат за да опстојат на пазарот.

Детални информации за продуктот и за останатите продукти на штедилницата може да се видат на www.moznosti.com.mk или на нашиот Facebook профил.

Сподели!
- Advertisement -