Наградени трите најиновативни македонски пронајдоци во рамки на МАКИНОВА 2020

- Advertisement -

Директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски вчера ги додели наградите за патенти на годината во рамки на манифестиацијата МАКИНОВА на која македонските иноватори треадиционално ги презентираат своите производи. Респираторна машина, систем за контрола на оддалеченост и одржување на дистанца и соларна лежалка се пронајдоците кои добија награди за 2019 година. 

„Ми претставува задоволство да ги доделам годинешните награди на македонските пронајдувачи кои најуспешно ги претставија своите пронајдоци во рамки на манифестицаијата МАКИНОВА 2020. И покрај околностите во кои се наоѓаме оваа година заради КОВИД-19 пандемијата мора да застанеме и да им оддадеме признание на креативните умови кои со својата работа рушат бариери. Токму во ова време е важно да дадеме поддршка на иноваторите и да ги поттикенеме да продолжат да создаваат. Особено ми е драго што на годинешниот саем беа претставени многу електронски уреди и помагала кои се наменети за помош во справувањето со коронавирусот. Овие изуми се доказ дека помошта во време на криза доаѓа токму од иновациите. Продолжуваме да негуваме партнерски однос со иноваторите за да креираме амбиент кој ќе овозможи уште бројни успешни проекти во иднина“, истакна Герасимовски.  

- Advertisement -

Наградите се доделуваат во знак на соработката меѓу Заводот за заштита на индустриска сопственост, Народна Техника и Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања – СПАТУМ. Традиционално Заводот доделува три награди –Диплома и парична награда, една во категоријата на пријавен патент и две награди во категоријата на млад пронајдувач.

Прозиводите кои беа дел од саемот за пронајдоци МАКИНОВА оваа година се презентираа онлајн, согласно мерките за заштита од КОВИД-19. Наградите се доделуваа на отворено, следејќи ги сите протоколи за превенција од ширење на вирусот.

Сподели!
- Advertisement -