Никогаш не е пријатно да се возите со воз или автобус кој е преполн со патници, а денес во време на корона вирусот е и опасно. Поради тоа компанијата Google се обидува да им помогне на корисниците на јавниот превоз.
Google воведе нова алатка за апликацијата Google Maps, која во реално време прикажува колкава гужва има во воз или во автобус. Ова е една од речиси 250 нови можности на Maps кои Google ги воведе од почетокот на пандемијата на корона вирусот. Меѓу нив се и клучни информации за заштитата на здравјето и предупредувања кои се однесуваат на корона вирусот.
За да ја понуди новата услуга Google Maps користи податоци од други корисници на истата апликација за да пресмета колку мобилни телефони, односно колку луѓе има во возот или автобусот во даден момент.
Maps наскоро ќе понуди слична функција која ќе ги известува корисниците за времето на достава на нарачаната храна, како и статусот на доставата во реално време.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)