Во рамките на соработката помеѓу Project HOPE, Амбасадата на Израел во Република Северна Македонија, Амбасадорот Дан Орјан и Министерството за здравство, денес е дистрибуирана значајна донација на Градска Болница “8ми Септември“ Скопје. Донацијата се состои од лична заштитна опрема, како ракавици, медицински маски, Н95 маски, скафандери. Донацијата е обезбедена од Министерството за надворешни работи на државата Израел.
Донацијата ја прими заменик директорот на Болницата, Др. Јасмин Циривири во присуство на претставници на Министерството за здравство и Project HOPE.
Оваа донација е продолжување на успешното партнерство помеѓу Амбасадата и Project HOPE. До сега заеднички се имплементирани неколку проекти, како што е Тренинг за задравствени работници за психо- социјална поддршка на пациентите (Медицински кловнови)- со експерти од Израел, потоа, Тренинг за лидерски вештини за менаџерите на клиниките во склоп на Универзитетскиот клинички центар Скопје, како и донација на опрема во Здравствениот дом “Др. Хаим Абравенел“ во Битола.
Тимот на Project HOPE исто така учествуваше и во Обуката и симулациска вежба за масовни непогоди која беше организирана од Амбасадата, во соработка со ЕЛТЕЛ Израел, ФИТР и Министерството за Здравство.
Project HOPE е меѓународна хуманитарна организација чија мисија е поддршка на локалните здравствени работници со цел спасување на животи насекаде низ светот. Во Македонија, Project HOPE работи на поддршка на здравствениот систем од 1993.