ИнсајдерИД: Топ 3 маркети според македонските потрошувачи во 2020 година

- Advertisement -

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД по четврти пат ги прогласува ТОП 3-те преферирани маркети според Македонските потрошувачи. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава, пренесува порталот Маркетинг 365.

Во тековната 2020-та година компаниите се соочени со една од најголемите забележани кризи која е предизвикана од вирусот “COVID-19”. Рестриктивните и ограничувањата во движења на потрошувачите значајно го промени начинот на функционирање меѓу другото и на пазарење на производи за домаќинството. Дигиталните канали добиваат многу повеќе на значење и е-трговијата доживува сериозна експанзија. Ограничувањата на бројот на лица во маркетите и чекањето за пристап до физичката локација, придонесе потрошувачите да го променат изборот или пак да пазарат во поголем број на маркети.
Според Македонските потрошувачите и одговорите на прашањето “Во кои маркети најчесто пазарите?” на првата позиција во 2020-та година го избираат КАМ Маркет со идентично учество како и претходната од 60%. На втората позиција после три години се искачува Стокомак со 40% учество пред Тинекс со 27%.

- Advertisement -
Напомена: Прашањето “А1. Во кои маркети најчесто пазарите?” поставено во истражувањето е со повеќекратен избор, вкупниот збир на процентуалните учества надминува 100%.

КАМ Маркет ја има “бетонирано” позицијата со учество кое што во следните неколку години, доколку продолжи со истиот концепт на работење и бизнис модел е прилично тешко дека ќе биде предизвикан од некој конкурент.

Стокомак е забележливо дека има сериозен раст од приближно двојно од 2017 до 2020-та година кое што најмногу се должи на зголемувањето на малопродажната мрежа и “покривањето” на поголема на се повеќе градови во државата.

- Advertisement -

Трето рангираниот Тинекс бележи пад од 2017 до денес од 40% до 27%, според преференцијата на потрошувачите.
Подемот на тврдите дисконти и оваа година е забележително. Во 2020-та вкупното учество на одговорите кај КАМ Маркет и Стокомак надминува 100% (доколку се дополни и за Киппер би било повисоко) што посочува дека секој потрошувач пазари со сигурност во еден тврд дисконт во комбинација со некој од класичните ланци на маркети.

За повеќе информации за истражувањето “Преферирани ланци и најпознати брендови кај Македонските потрошувачи” контакт на електронската адреса info@insider.mk, или телефонскиот број +389 71 210 471.

Сподели!
- Advertisement -