Матија Жуљ, директор и основач на компанијата Agrivi, открива како го развиле своето најново решение за глобалните компании, а истовремено им помагаат на малите земјоделци во оваа доба на пандемија.
„Со години развиваме пазар кој би им помогнал на земјоделците да ги понудат своите производи, но никогаш не беше вистински момент“ вели Марија
Жуљ.
А денес сме и сведоци на тоа во контекст на Agrivij. Оваа турбулетна година се покажа клучна за технолошката сцена, но и за земјоделците, односно корисниците во Agrivi, на кои пандемијата им ја оневозможи физичката продажба. Tие мораа да преминат на дигитални канали, а Матија го начека вистинскиот момент да го претстави своето решение – marketplace платформа која како дел од портфолиото производи зкоја на В2В клиентите им нуди кратки и директни синџири на продажба.
Производството на храна, посебно на локално ниво, во доба на пандемија е побитно отколку кога било порано и поради тоа, воопшто не е чудно што Agrivi обезбеди инвестиција од околу 4 милиони евра. Примар ни инвеститори се South Central Ventures, Европскиот инвестициски фонд и Хрватската банка за обнова и развој. Покрај нив, во А кругот на финансирање учестуваа и Fil Rouge Capital и AgriTech Hub.
Парите на Agrivi ќе му овозможат ширење на клучните европски пазари и во САД, а Матија открива како во САД ќе ја зајакнат продажбата и дополнително ќе се фокусираат на западна Европа. Agrivi првата инвестиција во зачетната фаза од 100.000 евра ја обезбеди уште во 2014 година со желба да развива софтверкој ќе ја олесни работата со малите земјоделци, кај кои уште тогаш помладите генерации го презеле бизнисот и размислувале за дигитализација.
За жал, иако постои потреба, Матија и неговиот тим низ развојот и работата сфатиле дека малите земјоделци и понатаму не биле спремни за дигитализација и размислувале дека не мора да се впуштат во такви потфати. Во наредните неколку години Agrivi ќе се наосчи кон сегментот големи земјоделски систами со кои и денес соработуваат, како што е прехранбениот гигант Nestle, најголемиот производител на бобинки во светот, Driscoll’s и со Kimberly Clark.
Производот кој го развија стана портфолио од производи кои ќе бидат целосно крајно решение за големите компании, но и да имаат помала, поедноставна верзија за дури и најмалите земјоделци. Наместо Basecamp, Agrivi на големите компании ќе им понуди SAP, а на малите Office.
На големите и малите земјоделци во Европа, пак, користењето на софтверот на Agrivi сега им е битно и поради задоволување на критериумите за квалитет на производство во склоп на Green Deal на Европската унија и т.н. стратегија Farm to Fork.
(Netokracija)
(фото: YouTube screenshot)