Марко Нововиќ: инженерското образование е од непроценливо значење за секој менаџер!

- Advertisement -

Интервју со Марко Нововиќ, менаџер на „Варус“ во рамки на соработката со Технолошко-Металуршки Факултет во рамки на серијалот “Од ТМФ до успешна кариера“. 

Г-н Нововиќ, за почеток кажете ни повеќе околу Вашиот професионален пат. Како ја почнавте Вашата кариера во оваа компанија во која денес имате менаџерска позиција?

- Advertisement -

Кариерата ја започнав како стручен соработник во компанијата Варус ДООЕЛ, но тоа што сум технолог или поточно биотехнолог, ми овозможи најпрво да го научам и разберам портфолиото на хемикалиите и реагенсите во компанијата. За секоја позиција е исклучително значајно да го поседувате техничкото односно стручното знаење, кое е суштинско за делокругот на работа на компанијата или дејноста. Тоа е базата и од таму потекнува квалитетот на одлуките. За менаџерските позиции потребни се и други вештини кои се стекнуваат преку формално или неформално образование, но кои добиваат на актуелност и значење со напредокот во кариерата и повисоките позиции. Во една реченица би рекол тоа што сум инженер технолог од Технолошко-металуршкиот факултет, ми овозможи да имам добра почетна позиција и услов за напредување, а понатаму потребна е континуирана надградба и искуство за исполнување на предизвиците на менаџерската позиција.

Колку образованието на Технолошко-металуршкиот факултет, игра улога во Вашата позиција во компанијата и придонесот кој го давате за истата?

- Advertisement -

Знаењетo како инженер технолог овозможува да се разберат производите суштински, нивната апликација во технолошките процеси во многу различни индустрии. Тоа е исклучитено значајно во изнаоѓањето на креативни решенија за нивна примена и продажба. Дополнително, имајќи предвид дека во нашата групација од компании имаме и производствена компанија, одлуките кои се тесно поврзани со процесот на производство се исклучително комплексни и бараат знаење и информираност за да можат да се постигнат добри резултати. Од тој аспект, образованието на еден инженер технолог е широко апликативно на многу работни позиции и индустрии кои можеби на прв поглед и не се директно поврзани, но во себе содржат процеси и сегменти кои во целост се апсолвирани. Моето образованието од аспект на мојата работна позиција е значајно и истото овозможува следење на трендовите во индустријата и одредување на идните правци за развој.

Коja според Вас, е најголемата вредност која ја добивте од образованието на ТМФ? 

- Advertisement -

Покрај знаењето кое се добива и е карактеристично за еден технолог, сметам дека како вештина која е потребна без разлика на работната позиција и дури и во приватниот живот е системскиот и процесниот приод на анализа, размислување и носење на одлуки. Тоа е еден инженерски приод каде сите елементи се разгледуваат од аспект на припадност кон еден систем, исклучително значаен холистички пристап за квалитетно носење одлуки базирани на информации и интеракциите на сите елементи во системот.

Секако дека покрај оваа вештина како вредни придобивки се работната етика и сите оние навики кои се потребни генерално во животот и се стекнуваат во понатамошното образование.

Кажете ни нешто повеќе за компаниите кои ги менаџирате? Дали и како соработувате со ТМФ?

Портфолиото на производи кои ексклузивно ги застапуваме во земјите од регионот главно се на компанијата Мерк од Германија. Станува збор за најстарата фармацевтско хемиска компанија во светот, која е еден од лидерите во оваа индустрија. Останати производители кои се наоѓаат во нашето портфолио се Курита, Тутнауер, Хитачи, и секако Бионика Фармацеутикалс.

Портфолиото условно е поделено на два дела, фармацевтски производи и хемиски производи. Во делот на фармација особено големо учество имаме во кардиологијата, ендокринологијата, неврологијата, онкологијата, гинекологијата и гастроентерохепатологијата. Додека, во другиот дел кај хемикалиите се работи за производи кои претставуваат процесни и лабораториски решенија и кои поттикнуваат иновации, подобрувања, заштеди во производството и алатки за аналитичките лаборатории.

Со ТМФ имаме Меморандум за соработка и активно соработуваме за проекти како партнери. Исклучително ни се значајни овие соработки за да останеме во чекор со науката и образованито, да размениме искуства и да пронајдеме идни наши колеги кои имаат амбиција да работат во нашата индустрија. Покрај конкретниот дел на соработка, убаво е и да се остане во константна комуникација со моите професори и колеги, кои денес се и професори на ТМФ и да се поразговара како на стручни така и на неформални теми.

Кои се Вашите идни планови од аспект на развој?

Нашата компанија тежнее кон поголема интернационализација, диверзификација на портфолиото и генерално за нови, иновативни производи. Сакаме да бидеме дел од оние базични истражувања и при тоа нашата цел се стратешките партнерства за развој на иновативни производи и услуги со додадена вредност. Затоа соработката со ТМФ и генерално со академијата, институтите и другите научно-истражувачко установи сакаме да ја зајакнеме и притоа да формираме мрежа, која ќе биде инфраструктура за идни проекти. За таа цел партнери сме во формирањето на Институт кој конкретно ќе работи на проекти и истражувања во полето на технологијата, фармацијата, медицината и животната средина.   

Која е вашата порака за младите кои допрва ќе бираат професија?

Сметам дека најзначајниот аспект е професијата која ќе се избере да се работи со ентузијазам, со желба за учење и пасија за истражување. Секако другиот, исто така значаен аспект, е да се биде инженерски ум или инженер технолог.

Сподели!
- Advertisement -