Штедилница ФУЛМ воведе поволен „Тикет за бериќет“ за најпогодените од Ковид кризата

- Advertisement -

Интервју со Марија Цветковиќ, раководител на филијала на штедилница ФУЛМ

Разговараше – Верица Јорданова

- Advertisement -

Деновиве Штедилницата Фулм, во соработка со Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем лансираше кредит „Тикет за Бериќет“.
Може ли да ни кажете повеќе детали за овој нов продукт? 

Кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е наменет за сите почетни или веќе постоечки мали бизниси, со намалена камата. За овој кредит може да аплицираат: вработени лица кои имаат свој бизнис, или за отворање  дополнителен бизнис, земјоделци и невработени со дополнителни лични примања. Износот на кредитот е од 30.000 до 700.000 денари, со рок на враќање од 12 до 72 месеци.

- Advertisement -

Постојат 2 варијанти на кредитот: со и без грејс период од 12 месеци.

Прва варијанта: Доколку кредитобарателите се одлучат да побараат кредит со 12 месеци грејс период, во тој случај тие ќе плаќаат многу мал износ во грејс периодот (390 денари месечно на износ на кредит од 100.000) заради поддршката од страна на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Во остатокот на месеците согласно договорениот рок на кредитот, ќе плаќаат цела рата.

- Advertisement -

Втората варијанта на кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е отплата на кредитот без користење на грејс период, директно отпочнување од нареден месец со отплата на кредитот преку месечни ануитети, кои во првата година ќе бидат помали, заради намалената камата од поддршката на Проектот на УСАИД.

Секако, доколку, во меѓувреме дојдат до приливи за делумно или целосно враќање во кредитот, тоа ќе можат да го направат во било кој стадиум на отплата на кредитот, со ,,пресекување” на каматата, до денот на затворање на кредитот, во случај на целосно затворање на кредитот, или, во случај на делумна поголема уплата, камата ќе се пресметува на остатокот од главницата, по намалувањето на истата со вонредната поголема уплата.

Обезбедување на кредитот се жиранти, еден или два, во зависност од бараниот износ, или евентуално без жирант, за кредитобаратели со добра кредитна историја во ФУЛМ, до одреден износ.

Како дојде до идејата да се искреира ваква кредитна линија и по што истата се разликува од другите понуди на пазарот? 

Идејата за КРЕДИТОТ ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е производ на добрата мисла и намера на Штедилница ФУЛМ и Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, како и желбата да најдеме начин да помогнеме на малите бизниси кои се најзагрозени и најпогодени од Ковид-19 пандемијата.

Сепак, Штедилница ФУЛМ во сите изминати 21 години од своето основање е водена од концептот ,,Луѓе помагаат на луѓе”, како базична движечка сила и филозофија на кредитните унии во светот. Знаeјќи дека во изминатите години, УСАИД постојано работи на поддршката и помошта за малите бизниси, со зголемена активност во овој период заради пандемијата, ја споивме енергијата во заедничка мисија за помош на малите бизниси преку Проектот.

Клучот за помош на малите бизниси, кај овој кредитен продукт е намалената камата во првата година на отплата на кредитот и можноста да се затвори кредитот во било кое време на отплата на истиот, без дополнителни трошоци за затворање на кредитот.

Дополнително, ние на кредитобарателите не им бараме никаква сложена документација, елаборати или комплексни бизнис планови, доволно е да ни ја раскажат нивната успешна приказна, да пополнат барање за кредит изјава за приходи/извод, копија од лична карта и доказ за поседување на бизнисот. Ние ќе ги направиме сите потребни анализи за да ги обучиме  малите бизниси за подобро управување со нивниот микро бизнис.

Кој се може да се аплицира за кредитната линија и кои се условите?

Пекара, пицерија, фризерски и козметички салони, бутик, берберница, автомеханичарска работилница, земјоделци, уметници, цвеќари, сметковоствени фирми и многу други мали бизниси се квалификуваат за овој продукт…

Кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ е наменет за сите почетни или веќе постоечки мали бизниси, со намалена камата. За „ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ“ можат да аплицираат сите заинтересирани кои сакаат да отворат нов бизнис, или да инвестираат и да го одржат постоечкиот бизнис. Следствено, за овој кредит може да аплицираат: вработени лица кои имаат свој или за дополнителен бизнис, земјоделци и невработени лица кои сакаат да започнат свој бизнис. Ги охрабруваме сите оние кои сакаат да отворат, или да го одржат својот бизнис во овие кризни времиња, да не контактираат за кредитот ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ и тоа: директно во нашите филијали, на чат на нашата веб страна: https://www.fulm.com.mk/ , преку нашиот профил на социјалните медиуми ФУЛМ Штедилница / FULM Savings House на: FacebookInstagramLinkedIn и YouТube, или директно да аплицираат онлјан на: https://www.fulm.com.mk/apliciraj-onlajn/

Има ли некои ограничувања кои би требало да се нагласат? 

Ако може да се зборува за ограничување, тоа би била возраста на кредитобарателите која може да биде од 18 до 74 години и нивната кредитоспособност, за што се прави дополнителна анализа.

Ковид пандемијата доведе до голема економска криза во целиот свет, секако и во нашата земја. Од аспект на Вашето работење и клиенти кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат компаниите во земјава? Освен што знаеме за тоа кои се најпогодени индустрии, дали може да извлечете некои други заклучоци за ефектите од економската криза? 

Секој ден, ние ,,живееме” со нашите клиенти и ги поминуваме со нив сите нивни проблеми и предизвици. Секој ден сме сведоци на нивните загуби… Освен на најтешките загуби на блиски луѓе, најчестиот проблем со кои се соочуваат нашите сопственици на мали бизниси е падот на побарувачката на нивните производи и услуги, што доведе до нивна неликвидност, неможност за покривање на основните трошоци и закана за пропаѓање на нивниот бизнис.

Ковид пандемијата изврши голем притисок и закана за бизнисите во негативна насока, но има и нешто позитивно, а тоа е притисокот кон дигитализацијата. Ние постојано ги советуваме и им помагаме на малите бизниси да направат обид за мини дигитална трансформација, можеби да почнат да ги продаваат своите производи преку интернет и сегашните предизвици, заедно, да ги претвориме во идни можности. Уште веднаш по почетокот на Ковид кризата, согласно мерките на Владата и по препорака на НБРСМ, на нашите клиенти и овозможивме реструктурирање на нивните кредити, односно можност, наместо да плаќаат цела рата, да плаќаат само камата. Оваа можност сеуште ја користат клиентите кои сеуште имаат финансиски потешкотии.  Потоа, го воведовме т.н. Вонреден кредит, како мерка за справување со тешката ситуација.

Ковид пандемијата нанесе голем удар на нормалното живеење, кој го почувствува секој жител на земјината топка. Економската криза ќе потрае. За да се преживее и надмине оваа вонредна состојба, секој од нас треба да е свесен дека, мора да даде максимум од себе, во рамките на своите можности и капацитети. За доброто на сите нас. И ова ќе помине, еден ден.. До тогаш- ќе не води нашиот слоган ,,ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ”! 

Каков е за почеток интересот за Вашиот најнов продукт? 

Промоција на кредитот „ТИКЕТ ЗА БЕРИЌЕТ“ само што почна. Овој кредит првенствено беше понуден на нашите постојни клиенти, кои со години се со нас, па им дадовме предност. Со задоволство и благодарност ја прифатија понудата. Секако, добредојдени се и сите останати. Навистина сметам дека овој кредит е ТИКЕТ за бериќет.

Сподели!
- Advertisement -