Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била определена со одлуката од 16.11.2020 година.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,099 ден/кг и сега ќе изнесува 27,481 ден/кг.
Со денешната одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,15 % во однос на одлуката од 16.11.2020 година.
Од 24.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 51,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 27,481 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат намалување кај бензинот за 2,138%, кај дизелот има зголемување од 1,448%, додека кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,920 % и кај мазутот се регистрира намалување од 0,302%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,185%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 16.11.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,836 | 0,966 |
Австрија | 1.001 | 1,041 |
Бугарија | 0,928 | 0,928 |
Хрватска | 1,115 | 1,164 |
Германија | 1,063 | 1,261 |
Грција | 1,128 | 1,414 |
Италија | 1,255 | 1,386 |
Унгарија | 1,031 | 0,996 |
Словенија | 1,000 | 0,955 |