Мисијата „Чанг’е 5“, именувана по кинеската божица на Месечината, би била голем напредок во кинеската вселенска програма доколку биде успешна. Тоа може да придонесе за подобро разбирање на Месечината и Сончевиот систем како целина.
Некои експерти велат дека тоа може да ја отвори вратата за да се донесат примероци од Марс или дури и да испрати екипаж на Месечината.
Вселенското летало беше лансирано од космодромот во Венкан во вторникот во 4.30 часот по локално време.
Тајните кинески власти претходно потврдија само дека лансирањето ќе биде на крајот на ноември. На леталото обично му требаат три дена да стигне до Месечината.
Главната цел на мисијата е да навлезе на длабочина од два метри под површината на Месечината, да собере околу два килограми камења и друг материјал и да ги донесе на Земјата, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
Ова ќе им ја даде на научниците првата можност да проучат нов материјал од Месечината од времето на американските и руските мисии од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.