Производителите постојано откриваат концепти и функционални прототипови и тоа го прават од различни причини. Тоа може да биде за да се пофалат, за да станат пионери на некое поле и како доказ дека компанијата навистина може да направи таков производ. Не сите такви концепти ќе станат комерцијални производи, но некои од нив ќе успеат да се најдат на пазарот.
За жал, сите кои се надеваат дека првиот телефон во светот кој може да се издолжува и да се собира како ролетна, Oppo X 2021, нема наскоро да се најде во продажба. Освен Oppo, и компанијата TCL неодамна прикажа таков телефон, а LG е компанијата која има искуство со екрани кои се виткаат во ролна со поголеми димензии.
Неодамна претставениот концепт телефон OppoX 2021 навистина функционира, барем на презентациите. За разлика од конкурентите, Oppo има многу повнимателен пристап. Како што објаснија, за комерцијализација на телефонот е потребно истражување на пазарот и да се види дали има доволна побарувачка, па и потреба за таков уред. Спротивно на тоа, Samsung и Microsoft се обидуваат вештачки да создадат таква потреба.
За Oppo не тврдат дека е технички подготвен, но потврдуваат дека Oppo X 2021 користи пластичен слој над стаклото на екранот, слично како телефоните на преклоп, но исто така има и тврд слој како ултратенко стакло.
Oppo со право ќе почека пред да лансира телефон кој се отвора како ролетна, што веројатно е спротивно на стратегијата на LG. Концептот Project B rollable на LG ќе биде готов до март 2021 година.
(Slashgear)
(фото: YouTube screenshot)