Луѓето кои се болни од КОВИД-19 најверојатно се најзаразни во текот на првите пет дена откако ќе ги развијат симптомите, потврди ново истражување, кое исто така ја истакнува потребата за брза изолација.
Истражувањето објавено во списанието Lancet исто така сугерира дека асимптоматските случаи може побрзо да го отстранат вирусот од своето тело и може да бидат заразни поратко време.
Истражувачите анализирале податоци од 98 претходни студии за пренос на инфекцијата на корона вирусот и го споредиле своето откритие со два други вида на корона вирус за подобро да разберат зошто КОВИД-19 се шири толку брзо. Тие откиле дека вирусното оптеретување, односно количината на вирусот во телото во различни фази од инфекцијата со САРС-КоВ-2 го достигнува врвот во горните дишни патишта рано во текот на болеста, меѓу појавата на симптомите и петтиот ден.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: Pixabay)