Илон Маск стана вториот најбогат човек во светот

- Advertisement -

Шефот на SpaceX и Teslа го претрка Бил Гејтс на листата со најбогати луѓе во светот и застана на второто место, веднаш зад шефот на Amazon, Џеф Безос. На топ листата со најбогати луѓе во светот Вloomberg Billionaires Indeх, Илон Маск застана на втората позиција со нето-богатство од 140 милијарди долари. Маск тоа успеа да го постигне најмногу благодарение на растот на вредноста на акциите на Teslа, која го достигна индексот S&P 500, еден од главните индекси за акции во САД. Тоа предизвика нов бран на купување акции од производителот на електрични автомобили, па вредноста на компанијата на Маск надмина 500 милијарди долари.

На прво место на листата и понатаму е шефот на Amazon, Џеф Безос, со вредност од 187 милијарди долари. Меѓу топ 10 најбогати луѓе од светот на технологијата се и шефот на Facebook, Марк Цукерберг на петто место, ссоосновачот на Google, Лери Пејџ, неговиот бив колега Сергеј Брин и Стив Балмер, кој беше главен извршен директор на Microsoft од 2000 до 2014 година.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -