Американската војска не инвестира пари само во нуклеарно оружје и беспилотни летала, туку се повеќе инвестира и во неуронауките. Тие сакаат да направат систем кој би овозможил речиси телепатска комуникација меѓу војниците.
За развојот на таков систем кој би ги бележел сигналите на мозокот и би ги преведувал и така би овозможил читање на мислите на војската издвои 6,25 милијарди долари за период од пет години.
Засега научниците во војската успеаја да идентификуваат кои сиганли во мозокот се задолжени за човечкото однесување. Иако тоа можеби не изгледа многу битно, тоа е прв чекор до идентификација на различните сигнали и идентификација и интерпретација на самите сигнали кои се однесуваат на свесните мисли.
Можете да прочитате што сакате, но тоа не значи и дека ќе го разберете тоа, појасни водителот на програмата, Хамид Крим. Следниот чекор е да се разбере тоа. Тоа е и крајната цел – да се има компјутер кој може целосно да комуницира со мозокот.
Крим појаснува и дека сакаат да развијат систем кој би ги препознал знаците на стрес или замор пред да го осети тоа војникот. Системот потоа би ги алармирал останатите војници и така би спречил премореност или непромислени потези кои се последица на стрес.
(Zimo)
(фото: Pixabay)