Стартува 50-милионска инвестиција во производство на домашно пилешко месо!

- Advertisement -

Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ во село Гиновци ја стартуваше инвестицијата која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра, а ќе отвори 3.000 нови работни места во новата фабрика за пилешко месо во кривопаланечко.

Оваа модерна инвестиција е по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава. За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна.

- Advertisement -

Со тоа се очекува намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка. Планот на инвеститорите е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Од конзорциумот најавуваат можност за пласирање на нивните производи и во синџирот ресторани КФЦ.

„Еден од партнерите во конзорциумот е носителот на франшизата на КФЦ за балканските земји, што обезбедува солидна основа во блиска иднина нашите производи да ги пласираме за нивните ресторани низ Балканот и во Европа”, рече Абдулезел Догани, претставник на компанијата.

- Advertisement -

Освен во Гиновце и во Врапчиште инвестицијата ќе се реализира и во Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе.

Ги охрабрувам инвеститорите да ги следат трендовите, да ги искористат ресурсите кои ги имаме во земјата, бидејќи имаме потенцијал за развој во повеќе сектори.

- Advertisement -

Еден од нив се и инвестициите во современо земјоделско производство, на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз. Уште еднаш честитки за инвестицијата и реализација на предвидените планови со успех“ – изјави Заев.

Сподели!
- Advertisement -