Facebook ќе ја лансира својата криптовалута „либра“ во јануари идната година

- Advertisement -

Криптовалутата „либра“ на Facebook е подготвена за лансирање најверојатно во јануари 2021 година, пренесе Financial Times, цитирајќи три неидентификувани извори кои се инволвирани во проектот.

Асоцијацијата Libra Association со седиште во Женева ќе ги издава криптовалутите и ќе управува со нив, а планира да лансира монети со едноцифрена вредност поддржани од доларот, пишува Financial Timеs. Овој потег е уште еден чекор напред во реализацијата на амбициите на проектот, кој се соочи со регулаторни и политички препреки уште во април годинава.

- Advertisement -

Libra, која Facebook ја претстави уште минатата година, беше повторно лансирана со помала вреднот откако регулаторите и централните банки во светот се побунија дека може да ја поремети финансиската стабилност и да ја смени моќта на парите.

Асоцијацијата Libra Association, во која Facebook е една од 27 членки, сака да добие дозвола од швајцарските регулатори на пазарот за да издаде серија криптовалути поддржани од традиционални индивидуални валути, како и токен базиран на криптовалутите.

- Advertisement -

Според новиот план на асоцијацијата, други криптовалути поддржани од традиционални ваулти ќе бидат претставени подоцна во текот на годината. Од FINMA, швајцарскиот регулатор на пазарот, немаат коментар на наводите на Financial Times.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -