СЗО: Околу 60 до 70% од населението треба да се вакцинира за да се запре короната

- Advertisement -

Околу 60 до 70 проценти од населението треба да се вакцинира за да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус, соопштија во петокот лидерите на Светската здравствена организација (СЗО). Стапката беше утврдена врз основа на неколку студии, рече Кетрин О’Брајан, шеф на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева во петокот.

О’Брајан, сепак, истакна дека навистина потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините што се тестирани досега. „Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече таа.

- Advertisement -

Покрај знаењето колку добро вакцините можат да спречат инфекција со Ковид-19, се поставува прашањето дали тие го отежнуваат престојот на вирусот во носот и грлото кај луѓе без симптоми и дали вакцините го отежнуваат ширењето на вирусот од едно на друго лице, додаде О’Брајан .

Сподели!
- Advertisement -