17.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

ЗАУМ, македонската органска „нутела“ го освојува европскиот пазар!

Kabtel desktop

Лешникот е супер храна, а ЗАУМ произведува путер од лешник, хит заради кој ќе заборавите на Нутела . Македонскиот намаз од органски лешник веќе се пласира во Европската Унија и во познатите швајцарски маркети COOP

Нелкоски Органик Фуд е македонска компанија  лоцирана во с. Дрслајца Струшко, која  произведува органски лешник со врвен квалитет. Од истиот прави путери и намази, кои завршуваат на македонскиот и на европските пазари. Брендот на ЗАУМ путерите од лешници се нивна креација со која сакаат да го задржат највисокиот квалитет, но и традиционалниот вкус на домашно печен лешник. Иновативност разговараше со Бошко Нелкоски, основач и директор на Нелкоски Органик Фуд 

Разговорот го водеше Љубица Ангелкова

Нелкоски Органик е семеен бизнис кој започна пред десттина година. Приказната е поврзана со дедото Спасе. Раскажете ни за полетоците? 

Дедо Спасе е наш директен предок за кој сме слушале многу приказни. Се зборува дека тој поминал доста време во различни држави на печалба и донел многу приказни и истории од светот. Исто така, во семејниот двор лешникот бил присутен долго време. Се користел за јадење сиров, но и печен а истиот кршен го ставале и во различните лебови кои ги печеле во својата семејна фурна. Една од приказните од дедо Спасе е за значењето на лешникот врз неговиот ум, и врз физичката спремност. Тоа некогаш било приказна, а денес е докажан факт. Денес и медицината докажа дека лешникот има силно благопријатно дејство врз мозокот и неговите функции но и врз мускулите и телото. Името ЗАУМ потекнува од дедо Спасе и неговите приказни.  

Бошко Нелкоски (лево)

Започнавте од 500 стебла, за сега да имате 11 хектари насади. Дали произведувате само од сопствениот род на лешници или дополнително откупувате?  

Започнавне со мал насад, а денес имаме 110 000 м2 или 11 хектари со лешникови насади. Нашите насади се со органски цертификат но и со сертификат за БИО Свис производстство. Ние сме во соработка со доста земјоделци со цел истите да ги подготвиме да произведуваа согласно ЕУ стандардите и Био Свисс стандардот, кој се една од најголемите карти за сигурен откуп на оваа земјоделска култура.  

Имате свој погон за преработка на лешници. Каква технологија користите? 

Имаме два сопствени погони. Едниот е за првична преработка на лешник, а вториот е за фина обработка. Нашата компанија користи современа технологија за преработка за која доби и поддршка од Фондот за иновации ФИРТ, од Швајцарската агенција за развој и соработка и од Австриската развојна агенција.  

Нашата производна линија моментално има машини од Шпанија, Германија, Италија, Турција, Хрватска, Кина и други земји.  

Колкава палета на прозиводи имате од брендот Заум? 

Моментално имаме скромна, но фокусирана кон успех палета на производи која може да ја видите на www.zaumorganic.com на нашата веб страница и нашата онлајн продавница. Од скоро започнавме соработка и со други органски производители од Македонија и очекуваме наскоро да имаме и путер од бадеми, путер од кикирики, мед и други продукти со органски квалитет.  

Нашите путери и намази се правени според строги стандарди. Се користи само најдобриот лешник. Нашите вработени вниматално работат на сите детали на продукцијата на перфектен вкус кој има илјадници бенефити по здравјете. Во нашите производи никогаш не додаваме шеќер, палмино масло или други состојки кои се штетни по здравјете на човекот. Затоа нашите путери и намази се барани од голем број на спортисти, доктори, нутриционисти и семејства со малечки деца.  

Фокусирани сте исклучително на органско производство. Колку е тешко да се применат тие норми за органско производство? 

Не е многу тешко да се применат нормите за органско производство. Органското производство е се поголемо во Европа. Сите потребни прихрани и средства за заштита на родот, постојат и со органски сертификат и ги даваат посакуваните резултати. Органските производи се доста барани на европскиот пазар а гледаме сериозно зголемување на нивната побарувачка и на нашиот пазар.  

Добивањето на органски сертификат се прави најпрво со барање за сертификација во едно од двете сертификациони тела во нашата земја. Потоа следи листа на барања кои треба да се исполнат и листа на препарати кои се одобрени за користење. Започнувате со конверзија и после 2 години добивате органски сертификат. Органскиот сертификат е еден од клучевите за извоз. Вториот клуч, особено за швајцарскито пазар е сертификатот за Био Свис производител. Био Свис производството е едно ниво потешко за добивање бидејќи го вклучува органското производство и барањата кои постојат на тој пазар, надополнети со дополнителни барања за швајцарскиот пазар.  

Поседувате многу сертификати кои ве ставаат во рамките на меѓународно признати стандарди. Кои се тие и што со нив при извоз? 

Примената на добри производни практики во нашата компанија е важен елемент. Сакаме да обезбедиме сигурност за квалитет и следливост на производите за нашите клиенти. За таа цел нашата компанија ги обезбеди следните сертификати: ЕУ и МК органски сертификат, Био Свисс, Халал, ХАССАП, ИСО 22000 и ИФС ГМ  

Голем дел од сертификатите ни се потребни при извоз. Истите докажуваат пред нашите странски купци дека производите кои ние ги продаваме се направени и проверени согласно врвните светски снадарди во таа област.  

Каде пласирате на домашниот пазар, а како пласирате на меѓународниот пазар? 

На домашниот пазар сме присутни во ДМ Маркети низ Македонија, во Охрид и Струга во Мега МИСА и ТАМАРО маркет 6 и 7. Дополнително соработуваме и со две органски продавнизи а тоа е Наша Добра земја во Скопје и Органико во Куманово. Доста интересно е да споменеме дека сме присутни онлајн преку нашата интернет продавница на www.zaumorganic.com  

На меѓународниот пазар имаме купувачи од Австрија, Германија, Швајцарија, Словенија а во преговори сме со Хрватска, Данска, Австралија и Америка. 

Швајцарија е една од земјите со најстроги стандарди за увоз. Како успеавте да извезувате во Швајцарија? 

Швајцарскиот пазар е нај деликатен пазар за кој постојат нај строги правила за увоз. Како компанија работиме повеќе од 15 месеци на средување на сите потребни сертификати, стандарди, се со цел да успееме да направиме извоз на храна. Заслужува да се спомене дека целта на нашата борба е и создавање на стабилен партнер со кој ќе може да се обезбеди непречен извоз на домашни земјоделски производи.  

Кажувате дека произведувате храна со срце?  

Веруваме дека емоцијата има многу важна улога при секоја работа а пред се при производството на храна. Произведуваме храна со срце бидејќи веруваме дека секој производ мора да е направен со многу внимание, со многу љубов и енергија. Само така, производот ќе допринесе најмногу за оној кој ќе го конзумира.  

А името ЗАУМ? 

ЗАУМ потекнува од легендата за дедо Спасе и ја дава суштината на продуктот и неговата вредност, а тоа е ЗА човечкиот УМ и тело. ЗАУМ е производ за умот и телото кој ви дава енергија и виталност за многу предизвици со кои се соочуваме на дневна основа.  

ЗАУМ Е ФИЛОЗОФИЈА ЗА ПРАВИЛНИОТ НАЧИН НА ИСХРАНА НА ТЕЛОТО И УМОТ. 

ЗАУМ Е ДУШАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА. 

ЗАУМ Е ДЛАБОЧИНАТА НА ЕЗЕРОТО И СЈАЈОТ НА СОНЦЕТО. 

ЗАУМ Е СИНОНИМ ЗА ПРЕМИУМ ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ. 

ЗАУМ Е МУДРОСТ. 

ЗАУМ СТЕ ВИЕ!

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •