Redmi го претстави својот прв паметен часовник

- Advertisement -

Подбрендот на Xiaomi, Redmi, го претстави својот прв паметен часовник. Redmi со првиот уред од овој тип влегува на пазарот за паметни телефони. Дизајнот на часовникот не е посебно импресивен, но цената и тоа како е атрактивна. Имено, Redmi Watch во Кина ќе чини само 45 долари.

Часовникот има 1,4-инчен екран во форма на правоаголник со закривено стакло, а доаѓа во црна, бела и сина боја. Силиконската нараквица е достапна во црна, бела, сина, зелена и розева боја. Од страните на часовникот има само едно копче, а сите останати функции се прилагодуваат преку екранот осетлив на допир или преку аликацијата Mi Fit.

- Advertisement -

Останатите спецификации на паметниот часовник вклучуваат NFC, Bluetooth 5.0, сензор за следење на срцебиењето, а покрај тоа часовникот е отпорен на вода до 50 метри длабочина.

Батеријата трае до седум дена, односно до 12 дена ако се користи опцијата за штедење енергија. Интерфејсот и екранот се базираат на црна позадина. Продажбата во Кина ќе почне на 2 декември, но часовникот може да се појави и на други пазари во поинаква форма.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -