Околу 15.000 лица во земјава ја изгубиле работата поради пандемијата

- Advertisement -

Околу 15 000 работни места се изгубени за време на пандемијата на корона, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.

Бектеши не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, видел такви анализи.

- Advertisement -

„Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел од сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видел таква анализи дека нашите сограѓани кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментно има невработени околу 15 000 граѓани“,

рече денеска Бектеши одговарајќи на новинарски прашања.

- Advertisement -

Информацијата дека невработеноста, меѓу другото, ја зголемиле и повратниците од дијаспората,вчера изнесе министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во неделното интервју за Радио слободна Европа.

Голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија и останаа, рече министерката, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, за да имаат пристап до финансиска поддршка од држават

Сподели!
- Advertisement -