Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето. Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

- Advertisement -

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, петта година по ред ќе го спроведе анкетното истражување за бизнис опкружувањето во Северна Македонија.

Годишната проценка на деловната клима прерасна во најрелевантното и најопфатното домашно истражувања во кое учествуваат компаниите од сите сектори. „Со цел да добиеме релевантни податоци за условите за водење бизнис во 2020 година ве покуваме да учествувате и вие како дел од компаниите во Годишната проценка на бизнис опкружувањето и со вашите одговори да придонесете во годишниот извештај“ посочуваат од Проектот.  

- Advertisement -

Доколку сакате да го добиете прашалникот испратете е-маил на contact@epicentar.mk. Со заокружен број од 5 истражувања ќе бидат на располагање податоци за изминатиот петгодишен период со што ќе може да се следат трендови за состојбите со бизнис регулативата, инспекцискиот надзор, даночната политика, работните односи, јавните набавки и регулативите во градежништвото, текстилот, туризмот и угостителството, животната средина, земјоделството, ИКТ индустријата, и итн. 

За да го пополните прашалникот кликнете тука. 

- Advertisement -

Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведуваат Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори. Проектот е поддржан од УСАИД, а го имплементира ЕПИ ЦЕНТАР.

Сподели!
- Advertisement -