Имунитетот на корона вирусот сепак трае подолго отколку што се мислеше

- Advertisement -

Ново истражување сугерира дека закрепнатите пациенти од корона вирусот веројатно имаат имунитет кој трае најмалки 8 месеци. Оваа студија се базира на повеќе aнализи од антитела. Таа вклучува и бели крвни клетки познати како T-клетки и B-клетки кои имаат импресивна моќ на сеќавање.

Комбинирани, овие слоеви заштита овозможуваат имунолошкиот систем да го препознае и да го нападне корона вирусот доколку се обиде повторно да навлезе во телото, со што се спречува втора инфекција, пренесува Science alert.

- Advertisement -

За да проценат колку трае имунитетот на корона вирусот преку различни слоеви од имунолошкиот систем научниците мереле колку и кои видови имунолошки клетки имаат опоравените пациенти од корона вирусот во месеците после разболувањето. Нивното истражување, иако уште не е прецензирано, нуди надеж дека оние кои веќе се заразиле неројатно нема да се разболат некое време.

Најголем дел од луѓето создаваат одговор на овој вирус, а тој трае 6-8 месеци“, вели Шејн Кроти, виролог од Институтот за имунологија Ла Џола во Калифорнија и коавтор на студијата.

- Advertisement -

Она што го гледате во 6-8 месеци е она што го добивате во смисла на имунолошки одговор. В-лимфоцитите се извор на идните антитела. Кога ќе ја снема вирусната инвазија, В-лимфоцитите ќе престанат да се борат, нема да прават антитела. Меѓутоа, тие се уште тука ако продолжи нападот. Ако имате војска од В-клетки кои циркулираат низ телото, тоа ги ја регенерирало реакцијата на антителата“, вели Алесандро Сете, имунолог во Ла Џола и коавтор на студијата.

Меѓутоа, според истражувањето антителата се мерливо намалени после шестмесечната оцена. Кроти вели дека намалувањето е прилично нормално за секоја инфекција, а само по себе не е причина за загриженост. Сете и Кроти ги анализирале закрепнатите пациенти само осум месеци после инфекцијата. Меѓутоа, тие мислат дека бавниот пад на бројот на клетки T и B кај болните значи дека тие клетки ќе траат далеку подолго отколку временскиот период кој бил анализиран во испитувањето.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -