Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бајонтек доби прво зелено светло за употреба. Фантастичната вест дојде од Обединетото Кралство.
„Многу сум горд дека Обединетото Кралство ќе биде прво место каде има клинички одобрена вакцина подготвена за користење. Сега може да речеме кога вакцината ќе се пушти во употреба, работите ќе се подобрат. Ќе го почнеме тој процес следната недела“, порача министерот за здравство.
Први во редот се старите луѓе во домовите за старите лица и нивни негуватели. По старите лица во домовите, на приоритената листа се постари од 80 години и здравствени работници на првата линија во борбата против Ковид-19. По возраст потоа ќе се вакцинираат лицата постари од 70 години и хронично болните. Шестата фаза ги опфаќа сите лица на возраст од 16 до 64 години со здравствени состојби што ги ставаат на поголем ризик од сериозни болести и морталитет а последни на приоритетната листа се 50 годишниците.
Нарачни се 40 милиони дози, доволни за 20 милиони луѓе. Вакцината дава 95 процентна заштита против короната вирсот, безбедна е и функцинира слично кај луѓето од сите возрасти, тврдат од Фајзер. Се уште е непознато колку долго штити од заразата и од можен пренос на вирусот. Предизвик ќе биде нејзиното чување затоа што вакцината бара минус 70 степени целзиусови за да остане стабилна. Од концепт до фаза на реализација на Фајзер и Бајонтек им беа потреби само 10 месеци , процес кој вообичаено трае и по неколку години до една деценија.
Ако оваа вакцина работи толку добро да ја спречи болеста тогаш тоа, очигледно, ќе го намали притискот врз медицинските установи, односно ќе може пак да работат нормално, вели проф.др Џефри Алмонд,британски експерт за вакцинација.
Европската агенција за лекови предупреди дека е против избрзаното одобрување на вакцините против Ковид-19, откако Лондон даде вонредно одобрување за фајзеровата вакцина.Европскиот регулатор до 29 декември ќе донесе одлука дали вакцината на „Фајзер“ ќе биде одобрена. Во меѓувреме, земјите членки на Унијата забрзано ги местат центрите каде луѓето ќе се вакцинираат.