Повеќе од 4.100 војници беа позитивни на КОВИД-19 од избивањето на пандемијата во март годинава, истакнуваат од Министерството за одбрана на Русија. Руската војска сега лансираше кампања за вакцинирање против корона вирусот меѓу речиси половина од целосниот активен персонал во војската.
Досега се вакцинирани над 2.500 руски војници, а таа бројка ќе се искачи на 80.000 до крајот на годината. Претседателот Владимир Путин уште во септември објави дека вакцината Sputnik V доби одобрение од владата.
Вкупно планирано е да се вакцинираат над 400.000 вработени во војската., а оваа кампања се организира по наредба на Путин. Околу 120 платеници во руската војска биле вклучени во цивилни и воени студии на замрзната форма на вакцината Sputnik V во текот на оваа година. Вакцината моментално е во третата фаза од клиничките испитувања меѓу 40.000 доброволци во Москва, паралелно со вакцинацијата на високоризичните групи како медицинскиот персонал и образовниот кадар.
Од руското Министерство за одбрана откриваат и дека повеќе од 500 вакцинирани војници со голема количина антитела се вклучени во терапија со плазма на сериозните случаи на пвневмонија кај болните од КОВИд-19.
(The Moscow Times)
(фото: Pxhere)