Дронот наречен Elios за прв пат после 33 години влeзе во петтиот реактор на нуклеарната електрана Чернобил. Дронот Elios 2 припаѓа на компанијата Flyability, а неговата задача била да изврши инспекција на една од најопасните и најнепристапните локации во светот – нуклеарната електрана во Чернобил каде што се случи катастрофа во април 1986 година. Ова е прв пат да се врши проверка на петтиот реактор.
Во времето на катастрофата петтиот блок од електраната бил во завршна фаза од изградбата и поради тоа никогаш не е довршен, а не се знаело ни дали базените во петтиот реактор содржат шипки со осиромашено ураниумско гориво. Токму затоа дронот Elios 2 влегол во реакторот. Утврдено е дека базените се празни, односно дека во реакторот нема нуклеарен отпад.
Дронот Elios 2 инаку се користи за инспекција на нуклеарни електрани. Леталото може да утврди колку време е потребно за гаснење на нуклеарната електрана за да се направи инспекција и може да врши клучни задачи за одржување. Мисијата во Чернобил била тешка затоа што дронот морал да прелета ѕид висок 70 метри, а ако дојдело го губење на сигналот, дронот би бил изгубен.
Сепак, мисијата била успешна, а она што покажале снимките и фотографиите кои ги направил дронот било задоволително.
(Klix.ba)
(фото: )