Потенцијалот за е-трговија е огромен. Треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на економијата во петта брзина!

- Advertisement -

Под мотото „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!” на 25-ти и 26-ти ноември, се одржа Третата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 340 учесници од преку 100 компании, организации, владини институции и образовни установи.

Конференцијата, во своето премиерно онлајн издание, се состоеше од богата дводневна програма во која учество земаа 35 еминентни говорници кои доаѓаат од 13 земји од светот. Говорниците го пренесоа своето искуство и знаење преку презентации, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со онлајн продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата е поддржана од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Нина Ангеловска, претседателка на АЕТМ

„Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина“

Презентацијата на резултатите од сеопфатниот извештај на АЕТМ, презентиран преку ексклузивно истражување спроведено на е-трговците и е-купувачите во нашата земја, покажаа интересни сознанија. Кризата предизвикана од Ковид пандемијата влијаела на промената на потрошувачите навики на македонските е-купувачи и 36% од нив го зголемиле обемот на онлајн купување. Вредноста на онлајн трансакциите кои Македонците ги направиле кон домашни е-трговци во вториот квартал 2020 бележи раст од 177% и особено позитивно се оценува фактот дека се повеќе купувања, осносно плаќања се прават кон дома.

- Advertisement -

Во оваа ситуација, кaj 66% од анкетираните е-трговци продажбата на физички локации се намалила, додека онлајн се зголемила. Треба да се нотира дека најголем предизвик за е-трговците е ниското ниво на дигитални вештини на населението, како и наоѓањето на квалификуван кадар. Интересно за истакнување е и тоа што од анкетираните 2.800 испитаници, во изминатиот период 37% значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги!

Асоцијацијата за е-трговија во изминатиот период беше многу активна на полето на промовирање на предностите од е-трговијата. Во таа насока беше и иницијативата ECOMMERCE4ALL која даде директна помош кон микро, малите и средни претпријатија за раст и развој со помош на е-трговија. Со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем се даде силен импулс во оваа насока преку креирање на бесплатна едукативна форма за е-трговија, организирање на едукативни обуки од оваа област како и конкретна поддршка на локални компании за отворање на е-продавници.

- Advertisement -
Кејт Мари Брнз, амбасадорка на САД

 „Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн“, изјави амбасадорот на САД во земјата, Кејт Мари Брнз на отворање на конференцијата.

Клучни заклучоци од конференцијата:

- Advertisement -
  1. Е-трговијата и понатаму бележи континуиран раст во нашата држава, но ниското ниво на дигитални вештини го успорува дополнителниот развој на е-трговијата
  2. Дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адaптира во време на криза
  3. Онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст
  4. Треба да се вложува во подобрување на корисничкото искуство
  5. Има огромен потенцијал за меѓугранична е-трговија во земјите од Западен Балкан

Третата годишна конференција за е-трговија покажа на дело дека виртуелните конференции организирани според највисоки професионални стандарди, поставуваат нов стандард на однесување и работа во време на пандемија. Кризните времиња, впрочем, се времиња на страв и неизвесно но може да бидат и голема шанса, особено за малите компании. Направеното истражување и активностите на Асоцијацијата за е-трговија го потврдија токму тоа!

Сподели!
- Advertisement -