Вухан , кинескиот град од каде што изби епидемијата на корона вирусот, објави промотивно видео со кое ги повикува туристите да ја искусат неговата убавина. Видеото наречено „Looking forward to meeting you in Wuhan“ е објавено на страницата на градскиот Завод за култура и туризам и го истакнува најдоброто што го нуди градот.
„Вухан не се воздржува да ја покаже својата убавина, а тие кои го сакаат се надеваат дека што повеќе луѓе ќе го разберат тоа“, се вели во објавата на Facebook.
Како првобитен епицентат на корона вирусот, Вухан примени 76-дневна блокада на целиот град од 23 јануари до 8 април. Забележани беа повеќе од 50.000 заразени случаи и над 3.800 мртви. Не само што таа блокада го спречи ширењето на вирусот, туку градот сега нема ниеден локален случај на трансмисија на болеста.
Според истражувањето спроведено во април, Вухан е првото место кое сакале да го посетат кинеските граѓани после смирувањето на пандемијата. Граѓаните на Вухан се фалени поради нивната истраност и доследното придржување до мерките во текот на карантинот.
Ова не е прв обид на Вухан да го закрепне туризмот. Од август годиава градт претстави низа кампањи наменети за домашните туристи, нудејќи бесплатен влез во главните туристички актракции во градот и ноќни тури до Жолтата кула.
(фото: Pixabay)