Американски научници открија лек кој во тек од 24 часа ја сузбива трансмисијата на вирусот САРС-Ков-2 кај пациентите. Станува збор за антивирусниот лек MK-4482/EIDD-2801 или „молнупиравир“. Тимот научници од Институтот за биомедицински науки при државниот Универзитет Џорџија открија дека тој лек едноставно може да се испие, а целосно е ефикасен во спречувањето на ширењето на новиот корона вирус 24 часа откако ќе го испие пациентот.
Тимот предводен од д-р Ричард Племпер првично открил дека „молнупиравир“ всушност е многу ефикасен против вирусот на грипот. Овде прв пат покажал дека веќе постоечки лек кој се внеусва орално ја блокира трансмисијата на вирусот САРс-Ков-2. Тоа би можело да ги смени правилата на играта, вели д-р Племпер.
Попречувањето на преносот на новиот вирус меѓу популацијата до времето кога ќе биде широко достапна вакцината против корона вирусот е најбитната задача за ставање на КОВИД-19 под контрола и ублажување на катастрофалните последици на пандемијата.
Со оглед на тоа дека лекот може да се зема орално, терапијата со него може да почне рано, со три потенцијални предности: стопирање на прогресијата до потежок облик кај пациентите, скратување на заразната фаза и брзо гасење на локалните епидемиолошки жаришта.
„Многу рано забележавме се „молнупиравир“ има широк спектар на активности против респираторните RNK вируси и дека лечењето на заразените животни преку орален пат го намалува вирусното оптеретување неколку пати“ објаснува д-р Племпер.
Тоа значи дека „молнупиравир“ е моќен кандидат за фармаколошка контрола на болеста КОВИД-19. Студијата која ја направи тимот на Племпер е објавена во научното списание Nature Microbiology. „Молнупиравир“ моментално се наоѓа во напредна фаза од клиничките тестирања.
(EurekAlert)
(фото: Pxhere)