Американски научници развиваат робот кој на земјоделците ќе им кажува кога да ги наводнуваат посевите

- Advertisement -

Тим истражувачи од калифорнискиот Универзитет Риверсајд развија робот кој на земјоделците ќе им овозможи да знаат точно кога треба да ги наводнуваат посевите. Навременото полевање на посевите може да биде навистина комплицирано за просечните градинари, но кога станува збор за земјоделската индустрија, тоа е огромна задача каде што има простор за иновации, посебно за што поефикасно искористување на водените ресурси.

Групата истражувачи од Риверсајд и од Универзитетот Мерцед добиле гран поголем од милион долари од американското Министерство за земјоделство за да пронајдат решение. Групата развива робот кој автономно собира примероци од листови, веднаш ги тестира и собира податоци за потребите на посевите за вода.

- Advertisement -

За да утврдат кога посевите имаат потреба од вода земјоделците рачно ги собираат листовите од растенијата и ги испраќаат во комори во кои со помош на притисок може да се утврди кога водата ќе почне да излегува од листовите, а тоа покажува кога треба да се залеат билките. Оваа метода на тестирање бара многу време и може да биде неефикасна затоа што земјоделците не можат да си дозволат цел ден да тестираат различни делови од полињата. Освен тоа, својствата на листот може да варираат поради времето кое ќе помине од собирањето на примерокот до анализата, а тоа може да даде погрешни резултати.

Затоа истражувачите одлучиле да развијат роботска комора со притисок која автономно зема примероци. Системот ќе собира податоци од различни локации на големите полиња и така ќе им помогне на фармерите да направат оптимален распоред за наводнување.

- Advertisement -

Новиот робот ќе се движи по полињата и ќе зема примероци за да врши анализи. Технологијата ќе се користи во комбинација со дронови кои ќе ги надгледуваат полињата и ќе ги насочуваат роботите на деловите кои во тој момент се најинтересни.

Првите прототипови се очекуваат напролет, а финалната верзија до зимата 2022 година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -