Давос се сели во Сингапур

- Advertisement -

Светскиот економски форум ќе биде одржан во Сингапур во мај 2021 година, наместо во Давос, Швајцарија, како што беше досега. Тоа го соопштија организаторите на форумот, а како причина ја наведоа здравствената ситуација.

Организаторите веќе еднаш го одложија годишниот собир за мај наместо во јануари, а потоа на крајот одлучија и воопшто да не се одржи во Швајцарија.

- Advertisement -

Само еднаш претходно собирот беше одржан надвор од Швајцарија. Форумот во 2002 година беше одржан во Њујорк во знак на солидарност после терористичките напади на 11 септември.

Организаторите изразија надеж дека форумот во 2022 година ќе се врати во Давос, каде што сега се на сила мерки против епидемијата на корона вирусот.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -