Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

- Advertisement -

По повод официјалното отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“ денеска ќе се одржи онлајн настан на кој ќе говори нобеловецот Мохамед Јунус.  Центарот ќе работи во склоп на Економскиот факултет – Скопје кој се приклучува на Глобаланата мрежа на центри за социјални бизниси основани на повеќе од 80 универзитети низ целиот свет.

Јунус центарот за социјални бизниси е истражувачки хаб за социјални бизниси основан од професорот по економија Мохамед Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година.

- Advertisement -

Центарот ги следи принципите и упатствата на професорот и се обидува да ја унапреди улогата на социјалниот бизнис во решавањето на најитните, приоритетните проблеми во општеството поврзани со сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста, општествената инклузија, деградацијата на животната средина, како и унапредување на општествената благосостојба и квалитетот на живот на одржлив и ефективен начин.

Настанот ќе го отворат Предраг Трпески, декан на Економски факултет, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Фатмир Битиќи, заменик претседател на владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

- Advertisement -

Во рамки на средбата ќе се одржи и вебинар на тема „Креирање бизниси базирани на вредност“ посветен на градењето екосистем за поддршка на социјалните бизниси, на којшто учество ќе земат Стојан Дебарлиев, професор на Економскиот факултет, Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“, како и Миндаугас Данис, експерт во актуелниот проект на Министерството за труд и социјална политика, „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Овој настан е и најава за Форумот на добри компании, кој го организира Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, на кој учествуваат реномирани претприемачи од светот, иницијатори на социјални бизниси, лидери, професори, консултанти за одговорни бизниси, а ќе се одржи на почетокот на следната година во соработка со Јунус центарот и со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

- Advertisement -

Споделување исксутва поврзани со концептот за социјален бизнис Целта на новоформираниот Центар за социјални бизниси „Јунус“ во рамките на Економскиот факултет при Универзитетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје е да се развијат и реализираат акциони програми за социјални бизниси, курсеви, обуки, семинари, конференции, истражувања, публикации, лаборатории за социјален бизнис, инкубатори, акцелераторски програми, програми за размена, посети, стажирање и програми за стипендии.

Центарот ќе овозможува на академскиот кадар, студентите и луѓето од бизнис, јавниот и граѓанскиот сектор да споделуваат знаења и искуства поврзани со концептот на социјалниот бизнис, како и да го промовираат концептот низ различни универзитети и региони. Исто така, ќе претставува место за различни видови на волонтерска и практикантска работа преку кој студентите дознаваат и учат за социјалниот бизнис, а ќе можат да реализираат претприемачки идеи кои иницијално ги работеле на предметните програми на Факултетот.

Сподели!
- Advertisement -