Компанијата Vollebak создаде јакна која ги одбива бактериите и вирусите

- Advertisement -

Речиси сите знаат дека заштитните маски штитат од вируси, но може ли некое парче облека да не заштити од корона вирусот, како на пример, јакната? Одговорот може да биде ДА, ако станува збор за јакна направена од бакар, кој докажано ги убива четисчките на вирусот на грипот и бактериите како ешерихија коли.

Компанијата Vollebak со ова изглед анајавува како ќе изгледа облеката од иднината. Околу 65% од материјалите од кои е направена јакната која компанијата Vollebak ја нарече „Full Metal Jacket“ e направена од микроскопски бакарни влакна, кои кога ќе се поврзат во една низа ќе биде долга 11 км.

- Advertisement -

Иако оваа бакарна јакна се продава по цена од 1.095 долари, таа не е тестирана, ниту е направена специјално за одбрана од корона вирусот. Сепак, Стив Тајдбал, соосновач на компанијата, се надева дека барем ќе послужи како инспирација за денот кога најголем дел од нашата облека ќе биде направена од материјал кој ќе штити од вируси.

Vollebak го користи бакарот поради неговите антимикробни својства затоа што тој уништува широк спектар на штетни микроби. Компанијата ја замислува оваа јакна како првиот чекор до развој на антимикробна облека. Јакната ќе послужи и како доказ дека сеит ематеријали може да се користат за изработка на облека.

- Advertisement -

„Уште сме во првата фаза, која ја докажува одржливоста на облеката направена целосно од бакар. Во втората фаза ќе тестираме кои предности ги дава овој материјал”, додава Тајдбал.

Било голем предизвик да се направи јакна од бакар зата што металот ретко се користи во овие количини за правење облека. За бакарот да го претворат во ткаенина Vollebak ја обложил бакарната жица со водоотпорна и провидна мембрана. Постојат повеќе причини зошто не се користи метал за правење облека. Тоа е навистина скап материјал и многу е тешко да се работи со него, а не постои синџир на снабдување.

- Advertisement -

Иако е јакна направена од метал, која е достапна во црна и во сребрена боја, од компанијата уверуваат дека никој нема да се чувствува како да носи оклоп, туку како обична јакна. Како што велат, на допир нема никогаш да погодите од што е направена јакната затоа што е мека и флексибилна.

(Dezeen)

(фото: Vollebak screenshot)

Сподели!
- Advertisement -